КООРДИНИРАНО СО БЕНЗИН ЗАПАЛЕНИ ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ НИЗ СКОПЈЕ

    КООРДИНИРАНО СО БЕНЗИН ЗАПАЛЕНИ ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ НИЗ СКОПЈЕНовите контејнери се запалени на улицата Ѓорче Петров. Во истиот период се запалени и шест пластични контејнери во населбата Ново Лисиче.(Фото: СДК.МК)

    Осум контејнери синоќа биле запалени низ Скопје. Од нив два контејнери се од новите кои пред еден месеци Град Скопје ги постави низ скопските улици. Новите контејнери се запалени на улицата Ѓорче Петров. Во истиот период се запалени и шест пластични контејнери во населбата Ново Лисиче.

    Според првичните сознанија на локалните власти, контејнерите се запалени со бензин, затоа што новите контејнери се поотпорни на оган од старите.

    „Опожарените садови се целосно уништени и неупотребливи. Веќе имавме случај на еден опожарен нов контејнер на улицата Рузвелтова, а во текот на минатата ноќ изгореа уште два нови и шест од старите садови за одлагање на отпадот. Покрај значителната финансиска штета што е нанесена на ‘Комунална хигиена‘, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад. Апелираме да престане вандализмот и  уништувањето на контејнерите, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека и за време на изминатиот викенд се соочиле со ваков инцидент во скопската населба Радишани, каде што изгореа три контејнери и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

    Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. До сега нема осомничени за координираното палење на контејнерите.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари