КОЦЕВСКИ СЕ ИЗВИНИ ЗА ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА ПОРАДИ КОЈА ВЕЛЕС СЕ ГУШЕШЕ ВО ЧАД И НЕКОЛКУ ДЕНА НЕ СЕ СОБИРАШЕ СМЕТОТ ОД ДОМАЌИНСТВАТА

    КОЦЕВСКИ СЕ ИЗВИНИ ЗА ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА ПОРАДИ КОЈА ВЕЛЕС СЕ ГУШЕШЕ ВО ЧАД И НЕКОЛКУ ДЕНА НЕ СЕ СОБИРАШЕ СМЕТОТ ОД ДОМАЌИНСТВАТАДепонијата изминатите денови гореше во неколку наврати, прво на 27 јули, па на 3 август.(Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Велес Аце Коцевски се извини што одреден период од месец август, не се собираше отпадот во градот, но се извини и за пожарот на депонијата за смет, поради која велешани два дена се гушеа во чад.

    „Би сакал во име на ЈКП ‘Дервен’ и мое име, да им се извинам на граѓаните и правните субјекти за нередовното празнење на контејнерите со смет и заради настанатиот пожар на депонијата за комунален отпад, поради што дојде до нарушување на квалитетот на воздухот во градот, со ПМ10 честички“, рече Коцевски.

    Тој кажа дека неколку дена не се собирал сметот во градот, а како причина го наведе пожарот на депонијата. Вработените од Комунална хигиена, биле ангажирани за гаснење на пожарот и физички не можеле да работат две работи. Згора на тоа имало лица кои биле на одмор, а некои поради топлотниот бран биле ослободени од работа.

    Последен пат депонијата гореше на 20 август 2018. Таа е нестандардна и при опожарување огнот подолго трае. Депонијата изминатите денови гореше во неколку наврати, прво на 27 јули, па на 3 август.

    Согласно обврските наложени од Државниот инспекторат за животна средина, таму сега има 24-часовен надзор, а на ЈКП „Дервен“ му е изречена парична казна од 3 илјади евра.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира