КОЖА, ЧКЕМБИЊА И РАТКАПНИ ЈА ЗАТНАА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ

    КОЖА, ЧКЕМБИЊА И РАТКАПНИ ЈА ЗАТНАА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО СКОПЈЕЕкипите на ЈП „Водовод и канализација“ изминатиов период секојдневно интервенираат низ градот бидејќи шахтите се затнати со најразличен цврст отпад.(Фото: Водовод и канализација)

    Авто делови, раткапни, кожа од животни, чкембиња се фрлаат во канализационата мрежа низ Скопје. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ изминатиов период секојдневно интервенираат низ градот бидејќи шахтите се затнати со најразличен цврст отпад.

    „Се јавуваат граѓани се жалат дека канализацијата се затнала, а кого ќе излеземе на терен наоѓаме сè и сешто фрлено од истите тие лица. Денеска интервениравме во Драчево, потоа во населба Кисела Вода каде шахтите беа затнати со резервни делови и старо железо. Во Шуто Оризари извадивме црева и кожа од животни, чкембиња. Апелираме до граѓаните совесно и одговорно да се користи системот за отпадни води и потсетуваме дека тој не е место за одлагање на отпадот“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од таму велат дека стандардо во канализацијата наоѓаат и облека, ќебиња, пелени.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира