КУМАНОВСКИТЕ КАФЕАНЏИИ ИМ ДАДОА ЗБОР НА ИНСПЕКТОРИТЕ ДЕКА НЕМА ДА ОРГАНИЗИРААТ СВАДБИ И ВЕСЕЛБИ

    КУМАНОВСКИТЕ КАФЕАНЏИИ ИМ ДАДОА ЗБОР НА ИНСПЕКТОРИТЕ ДЕКА НЕМА ДА ОРГАНИЗИРААТ СВАДБИ И ВЕСЕЛБИСега се информирани и лично и нема основ да се жалат дека не се запознаени, сега директно ќе се оди на казнени мерки и нема да се простува на никого. Од денеска ќе работиме во две смени, кого ќе фатиме дека го крши законот нема простување, ќе има кривични пријави“, најави раководителот Државниот пазарен инспекторат - Одделение за инспекциски надзор Куманово Рами Емини; - Угостителски објекти во центарот на Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Кумановските угостители им ветија на пазарните инспектори дека ќе ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирус и нема да организираат семејни веселби во рестораните, ниту ќе ангажираат музика во кафеаните и кафе-баровите додека трае забраната од Владата, заради спречувањеа на ширењето од коронавирусот. На денешниот состанок во Државниот пазарен инспекторат – Одделение за инспекциски надзор Куманово, на угостителите од Куманово, Липково и Старо Нагоричане лично им беа пренесени мерките коишто се должни да ги спроведат во нивните објекти и со кои казни ќе се соочат доколку не се придржуваат до нив.

    „Заеднички заклучок беше дека ќе се придржуваат до пропишаните мерки. Ветија дека нема да работат рестораните за свадби, односна дека во кафетериите, гостилниците и кафе-барови нема да имаат музика. Не би било добро на даден збор да не се придржуваат. Сега се информирани и лично и нема основ да се жалат дека не се запознаени, сега директно ќе се оди на казнени мерки и нема да се простува на никого. Од денеска ќе работиме во две смени, кого ќе фатиме дека го крши законот нема простување, ќе има кривични пријави“, најави раководителот Рами Емини.

    Угостителите велат дека се свесни за сериозноста со ширењето на коронавирусот и поради тоа во целост ги прифаќаат мерките. Тие тврдат дека и досега ги почитувале протоколите за работа што ги донесе Владата, а така ќе продолжат и во иднина. Но, исто така бараат од надлежните институции да ги предвидат нивните загуби и пад на бизнисот, коишто тие ги трпат поради намалениот број на гости и да им помогнат да ги надминат финсиските проблеми во работењето.

    Со новите мерки што ги донесе Владата, рестораните не смеат да организираат свадби, крштевки, родендени или било кои други семејни веселби, а според протоколот за работа на кафулиња и кафеани, треба да се запази растојание од 1,5 метар помеѓу масите, да имаат средства за дезинфекција, да не организираат музички настани, односни настапи на пејачи или групи во објектите.

    Од Државниот инспекторат во Куманово велат дека покрај тоа што тие се постојано на терен, редовно добиваат и дојави од граѓани по телефон, ги следат и социјалните мрежи ако има најава за настап на некој пејач или група, но и граѓаните кои споделуваат фотографии и видеа од семејни забави или журки.

    Досега во Куманово има поднесено три пријави, една кривична за непочитување на мерките од угостителски објект и две прекршочни пријави за нерегистрирана дејност.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира