ЛИЛЕ СТЕЧАЈКАТА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ДА НЕ ПРОТЕСТИРА НА АВТОПАТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛИЛЕ СТЕЧАЈКАТА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ДА НЕ ПРОТЕСТИРА НА АВТОПАТ

    Откако најавија дека утре со протест ќе ја блокираат наплатната рампа Романовце, стечајката Лилјана Георгиевска и координаторот Али Османи, вчера биле повикана во полициската станица во Куманово. Таму се опоменати да не ги водат стечајците на протест на автопатот Куманово- Скопје, бидејќи тоа не е по закон и тие ќе одговараат за последиците.
    „Јас се прашувам само за стечајците ли важи закон, да ги осудуваат и да ги плашат да не протестираат? Зошто тој закон не важеше кога Стевчо Јакимовски растргна шатор пред Уставен суд, кога таксистите стопираа возови кај Гевгелија, кога Тантаров носеше крави и кокошки пред Влада… Само за нас ли, истерани од работа, осудени да патиме и да одиме по улици барајќи ги своите права, забрането е чесно да протестираме?, се прашува Георгиевска.
    Таа вели дека откако полициските службеници им се заканиле, ги натерале да потпишат документ дека се опоменати, но не им дале примерок од него.
    Георгиевска не се откажува од протестот и најавува дека утре од 9 до 12 часот, прво ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово, кај бензинската пумпа Макпетрол, а потоа пеш по автопатот ќе продолжат до наплатната рампа Романовце.
    Со овој протест, по кој знае кој пат, стечајците сакаат да апелираат до актуелната власт да го реши нивниот статус, да ги обештети или да им обезбеди месечен паричен надомест до нивно пензионирање или повторно вработување.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари