МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД НЕОНАТОЛОГИЈА ВО ШТИП ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ШЕСТ КОЛЕГИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, А СЕДУМ РОДИЛКИ СЕ ПОД НАДЗОР

    МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД НЕОНАТОЛОГИЈА ВО ШТИП ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ШЕСТ КОЛЕГИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, А СЕДУМ РОДИЛКИ СЕ ПОД НАДЗОРОдделот на неонаталогија е под целосна опсервација откако е утврден коронавирус на медицинска сестра која била на смена во овој оддел, а шест доктори, медицински сестри и болничари се во самоизолација; - Директорот Ален Георгиев. (Фото: СДК.МК)

    Медицинска сестра од Одделот за неонатологија при Штипската клиничка болница за детски болести е позитивна на коронавирус поради што таа е под посебна терапија, а шест нејзини колешки што биле во истата смена се ставени во домашна изолација.

    „Во изолација се доктори, медицински сестри и болничари кои имале контакт со медицинската сестра кои работеле и во одделот каде амбулантски се следи состојбата на родилки и новороденчиња. Затоа, превентивно се следи состојбата и на седум родилки во Неонаталошкото одделение во Клиничката болница во Штип“, вели директорот Ален Георгиев.

    Тој додава дека моментно на Инфективното одделение во Штип се хоспитализирани 18 пациенти, а за еден пациент се очекуваат резултатите од тестирањето.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира