МЕСТО ДА ДЕНГУБАТ, ПАЗАРЏИИТЕ ДА СИ ЗЕМАТ ТЕЗГА, ИМ КАЖА ШИЛЕГОВ НА ДИВИТЕ ПРОДАВАЧИ ОД БИТ ПАЗАР

    МЕСТО ДА ДЕНГУБАТ, ПАЗАРЏИИТЕ ДА СИ ЗЕМАТ ТЕЗГА, ИМ КАЖА ШИЛЕГОВ НА ДИВИТЕ ПРОДАВАЧИ ОД БИТ ПАЗАРГрадоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција заедно со градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу рече дека нема да отстапат во намерата да ги расчистат тротоарите на Бит пазар од дивите пазарџии кои оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците.(Фото: Град Скопје)

    Наместо да денгубат на улиците подобро за пазарџиите е да влезат во системот и да со бенефициите кои ги нудиме да го легализираат својот бизнис и да остваруваат приходи за нивните семејства, им порача градоначалникот Петре Шилегов на дивите пазарџии од Бит пазар кои веќе неколку дена протестираат.

    Шилегов на денешната прес-конференција рече дека заедно со Општина Чаир нема да отстапат во намерата да ги расчистат тротоарите на Бит пазар од сите препреки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците. Во моментов постојат нефер услови меѓу продавачите на нелегалните тезги на тротоарот и продавачите во пазарот.

    „Ги повикувам пазарџиите да ја прифатат подадената рака. На пазарот има слободно 130 тезги и ние им овозможуваме првите два месеци тезгите да ги изнајмуваат бесплатно. Со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу им најавивме дека имаат рок до 5 април да ги ослободат тротоарите, но им продолживме уште еден месец. Имавме неколку средби со пазарџиите и еснафот на Чаршија со цел да ги убедиме луѓето дека треба да ги користат бенефитите. Овозможуваме сите да бидат еднакви, со еднакви услови за работа на пазарот. Отворено кажувам дека еднакво внимание укажуваме за развој на двете страни на Вардар. Правилата и редот мора да важат насекаде“, рече Шилегов.

    Град Скопје минатата недела почна со реконструкција на тротоарите на Бит пазар кои со години беа блокирани од диви пазарџии. На овој потег ќе се постават столпчиња и жардиниери, ќе се уреди такси-станица, ќе се засадат дрвореди, реконструираат и осветлат пасажите од булеварот кон чаршијата и ќе се ослободат тротоарите од дивопоставените тезги.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари