Неколку илјади граѓани, претежно млади луѓе го одржаа последниот мирен марш како сочуство до семејствата на петтемина штипјани кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март .
Со фотографиите на починатите штипјани и со транспарентите „Секој еден може да биде следен“ и „Бараме правда“ одеа по централните улици искажувајќи го својот револт и тага за несреќата.
За утре, семејствата на загинатите најавија дека ќе има богослужби во три цркви, по што ќе бидат погребани на градските гробишта во Штип.
Погребот на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи на 20 мат, а Владата препорача тој ден да биде неработен во Кочани.
Од 59-те загинати во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, 43 се од Кочани, по пет лица се од Скопје и Штип, тројца од Пробиштип, двајца загинати се од Виница и едно лице е од Струмица. Тројца од починатите се малолетници. Повредени се 178 лица, од кои 64 се во државните болници во Македонија, 13 се во приватните болници, a во моментов 101 пациент се лекува во странство.
Т. ЈОВАНОВСКИ