МУЗЕЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПЛОШТАДОТ ВО СТРУМИЦА СО ИЗМЕНИТЕ НА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

    МУЗЕЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПЛОШТАДОТ ВО СТРУМИЦА СО ИЗМЕНИТЕ НА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТПредлогот да се оформи градежна парцела за музеј на плошатдот наиде на остри критики кај еко-активистите од коалицијата ,,Стига е“ кои сметаат дека не треба да се узурпира плоштадот и да се сокрие зеленилото од дворот на гимназијата.(Фото: СДК.МК)

    Општина Струмица со измените на Деталниот урбаниситчки план за централното градско подрачје планира да се гради музеј на плоштадот. Се превдидува да биде  на површина од околу илјада метри квадратни на просторот кај Саат кулатао и градскиот дисплеј односно кај предната страна на гимназијата „Јане Сандански“.

    Предлогот да се оформи градежна парцела за музеј на плошатдот наиде на остри критики кај еко-активистите од коалицијата ,,Стига е“ кои сметаат дека не треба да се узурпира плоштадот и да се сокрие зеленилото од дворот на гимназијата.

    „Не е во ред да се подига музеј на тој потег. На плоштадот му недостасува зеленило. Евентуално подигање на објект од 9 метри автоматски значи стеснување на просторот на плоштадот, но и затворање на погледот кон училиштето и дворното место. Од било каков матријал да е овој културен објект, местото не треба да му биде таму. Треба да се размислува да се уреди плоштадот, а не да се узурпира“, реагираа активистите Ѓорѓи Танушев и Стојан Велков-Трн од коалицијата „Стига е“.

    Од проектантското биро кое ги изработуваше измените на планот велат дека со маркичка за музеј овој дел од градот ќе биде заокружен како една целина. Според планерот Томе Тимов секој плоштад е опкружен со објекти кои се во функција на поголема раздвиженост и посета од граѓани.

    „Плоштадот не треба да биде место само за поминување туку за задржување. Овој објект е планиран бидејки ќе го заокружи целиот тој простор. Тука се Центарот за култура, градската галерија, комерцијални објекти и сето тоа ќе предизвика поголема раздвиженост на овој дел од градот кој ќе служи и за одржување на настани“,  рече Тимов.

    Од Секторот за урбанизам на Општина Струмица велат дека допрва ќе се дебатира од какво матријал би се градел објектот. Во него се планира да биде сместен инфо центарот за град Струмица, каде посетителите би се информирале за сите позначајни културни и историски места.

    Според измените на ДУП-от за централнтоо градско подрачје се планира дислокација на фонтаните на плоштадот зад споменикот Гоце Делчев и подигање на нови јавни зелени површини. Меѓу пораншена СОК банка и Стоковна куќа се планира изградба деловен објект, а на 50- тина метри од плоштадот, над градската галерија има маркица за станбена зграда и катна гаража.

    Струмичани до 27 мај ќе треба да ги кажат своите забелешки за новите измени на ДУП-от за центарот на градот.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира