НА 11 ОКТОМВРИ ИСКРШЕНА БИСТАТА НА ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КАРПОШ

    НА 11 ОКТОМВРИ ИСКРШЕНА БИСТАТА НА ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КАРПОШОва е втор пат за една недела насилно да се уништува обележјето во училиштето во населбата Карпош 2. (Фото: Општина Карпош)

    На празникот 11 Октомври искршена е бистата на Вера Циривири-Трена, во истоименото училиште во скопската Општина Карпош. Ова е втор пат за една недела насилно да се уништува обележјето во училиштето во населбата Карпош 2.

    „Барам итни мерки и пронаоѓање на сторителите. Ова веќе не може вака. Пријавено е во МВР и до крим техника. Овие вандалски чинови стануваат секојдневие и бараме итни санкции за сторителите. Откако претходно бевме соочени со свесно уништување на урбаната опрема, реквизити на детски игралишта, клупи, корпи, столпчиња, сега се уништуваат и бистите по основните училишта“, вели градоначалникот Стефан Богоев.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари