НА ДИВО СЕ ГРАДИ ЏАМИЈА НА ПОПОВА ШАПКА, ИВЗ НЕ ЗНАЕ ИАКО ГРАДБАТА ЈА РЕКЛАМИРА НА БИЛБОРДИ

    НА ДИВО СЕ ГРАДИ ЏАМИЈА НА ПОПОВА ШАПКА, ИВЗ НЕ ЗНАЕ ИАКО ГРАДБАТА ЈА РЕКЛАМИРА НА БИЛБОРДИОбјектот се наоѓа на самиот влез во викенд населбата и за неговата градба веќе е пробиен пристапен пат, а еден багер го расчистува и го рамни теренот при што се исечени и искорнати повеќе зимзелени дрвја и ниско стеблести растенија (Фото: СДК.МК)

     

    Изминатиов викенд на Попова Шапка на диво започнаа градежни работи на објект за кој се мисли дека ќе биде џамија. Објектот се наоѓа на самиот влез во викенд населбата и за неговата градба веќе е пробиен пристапен пат, а еден багер го расчистува и го рамни теренот при што се исечени и искорнати повеќе зимзелени дрвја и ниско стеблести растенија. Објектот кој ќе се гради се наоѓа само на некоку метри од првите викендички во викенд населбата.

    Иако ИВЗ не кажува дали е вклучена во изградбата на џамија, на три места пред влезот во овој туристички центар поставени се големи билборди на кои е преставен идејниот изглед на џамијата што ќе се гради на Попова Шапка. Претставен е голем објект на три ката со придружни објекти и големо и високо минаре. На билбордите стои дека инвеститор е ИВЗ на Република Македонија – Муфтиство Тетово, а испишани се денарска и девизни сметки на кои можат да се уплатат пари за изградбата (Фото: СДК.МК)

    По два дена работа градежните активности работата беа стопирани, најверојатно од општинскиот инспекторат, бидејќи од оваа општинска институција засега не даваат никакви информации за нивните активности. Денеска градењето продолжи.

    Од тетовското муфтиство на ИВЗ не знаат дали на Попова Шапка навистина се гради џамија.

    „Во овој момент немаме никакви активности на Попова Шапка. Сега сме многу ангажирани околу рамазанските празници. Кога ќе заврши рамазанскиот пост, ќе видиме“, кусо изјавија од муфтиството.

    Иако ИВЗ не кажува дали е вклучена во изградбата на џамија, на три места пред влезот во овој туристички центар поставени се големи билборди на кои е преставен идејниот изглед на џамијата што ќе се гради на Попова Шапка. Претставен е голем објект на три ката со придружни објекти и големо и високо минаре. На билбордите стои дека инвеститор е ИВЗ на Република Македонија – Муфтиство Тетово, а испишани се денарска и девизни сметки на кои можат да се уплатат пари за изградбата.

    Оние малубројни постојани жители во викенд населбата на Попова Шапка велат дека само слушнале оти тука ќе се гради верски објект.

    „Ние не сме против изградба на каков било верски објект, па не сме ни против изградба на џамија, но тоа мора да биде направено со дозвола за градба а не вака на диво. Не може да гради кој што сака, каде што сака и каков што сака објект. Мора да има дозвола и објектот мора да биде ускладен со останатите објекти кои веќе се изградени тука“, велат жителите на викенд населбата.

    Дека станува збор за класичен пример на дивоградба потврдуваат и од Секторот за урбанизам на Општина Тетово.

    ивоградба Дека станува збор за класичен пример на дивоградба потврдуваат и од Секторот за урбанизам на Општина Тетово (Фото: ДК.МК)

    „Пред неколку месеци на јавен увид беше ставен детален урбанистички план за викенд населбата на Попова Шапка, но потоа беше повлечен поради неажурирани податоци. Во тој детален план нигде не била вцртана, односно не е предвидено изградба на  верски објект џамија. Ние како сектор за урбанизам за посоченото месо на кое во моментов се вршат градежни активности, немаме издадено никаква градежна дозвола и ако таму се вршат некои градежни активности, тоа се работи без дозвола и на диво. Исто така ние немаме дадено дозвола и за поставување на трите билборди на патот кон Попова Шапка па и тие се еден вид дивоградба“ ни изјави Неџати Беџети раководител на секторот за урбанизам на Општина Тетово.

    Од службата за односи со јавноста и од инспекторатот на Општина Тетово и засега не даваат никакви информации околу понатамошните постапки со оваа дивоградба.

    Од Државенот градежен инспекторат ни потврдија дека до нив е поднесена преставка дека на Попова Шапка се гради верски објект –  џамија без дозвола за градба.

    “На основа на преставката, ние ќе направиме вонреден надзор на работата на овластениот инспекторат на Општина Тетово“,  ни изјавија од градежниот државен инспекторат.

    И додека инспекторатите се подготвуваа за конкретни активности, по дводневниот прекин, градежните работи на спорната парцела денеска продолжија, а багерот продолжи да го расчистува прострот на кој треба да се гради објектот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира