НА МАТКА СЕ ГРАДАТ НОВИ ДИВИ ПЛАТФОРМИ, ВЛАСТА СЕ ПРАВИ НАУДРЕНА И НЕ ГИ УРИВА

    НА МАТКА СЕ ГРАДАТ НОВИ ДИВИ ПЛАТФОРМИ, ВЛАСТА СЕ ПРАВИ НАУДРЕНА И НЕ ГИ УРИВАКањонот Матка е заштитено подрачје од трета категорија и е прогласен за споменик на природата. Тоа значи дека не се дозволени активности кои би ја загрозиле неговата автентичност. Дивеењето никој од надлежните не го санкционира, иако кажуваат дека станува збор за дивоградби.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Дивата платформа на кањонот Матка не само што не се урива туку продолжува да се гради. На 10 февруари САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека меѓу карпите во езерото се гради платформа најверојатно за кафуле. Тогаш плаформата беше со железна конструкција, а сега две недели подоцна веќе е ставен дрвен под, свежо лакиран со боја.

    Плаформата пред две недели беше со железна конструкција, а сега две недели подоцна веќе е ставен дрвен под, свежо лакиран со боја. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дивеењето на Матка никој од надлежните не го санкционира, иако кажуваат дека станува збор за дивоградба.

    Кањонот Матка е заштитено подрачје од трета категорија и е прогласен за споменик на природата. Тоа значи дека не се дозволени активности кои би ја загрозиле неговата автентичност.

    • Општина Сарај не ги урива, градоначалникот Блерим Беџети не одговара на телефонските повици, ниту од Општината одговорија на нашите прашања.
    • Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека нема надлежност да руши објекти, ама испратиле допис до Инспекцискиот совет.
    • Од Инспекцискиот совет не одговараат без писмени прашања.
    • Од Министерството за транспорт и врски велат дека пратиле барање до Државниот инспекторат на градежништво и урбанизам да преземат мерки.
    • Од Инспекторатот не добивме одговор дали инспекторите излегле на терен и дали ќе преземат мерки.

    Во средина на езерото поставени се дрвени плаформи, кои сега за сега се празни. Целосно заградена сега е и терасата на ресторанот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Но, на Матка ова не е единствената плаформа. На патот кој води кон црквата Свети Андреја се наоѓаат неколку платформи и куќарки на кои стојат табли дека се фирми кои организираат тури со чамец низ езерото. Никој не знае дали чамците се регистрирани.

    Подолу кај црквата има друга плаформа на која се наредени кајаци кои се изнајмуваат за кајакарење низ езерото. Во средина на езерото поставени се други дрвени плаформи, кои сега за сега се празни. Целосно заградена сега е и терасата на ресторанот на Матка. Од тереса со маси и столици, стана кафеана со цврста градба.

    „Џабе сликате и пишувате, сѐ е легално“, ни рече еден од луѓето кои се наоѓаа на платформата за изнајмување кајаци.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари