НА ПЛОЧНИКОТ НА ПЛОШТАДОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ЦРКВАТА НАПЛАЌА 1.000 ДЕНАРИ ДОНАЦИЈА ЗА МЕСЕЧНО ПАРКИРАЊЕ

    НА ПЛОЧНИКОТ НА ПЛОШТАДОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ЦРКВАТА НАПЛАЌА 1.000 ДЕНАРИ ДОНАЦИЈА ЗА МЕСЕЧНО ПАРКИРАЊЕЗа паркирање помеѓу клупите црквата наплатува 1.000 денари, но повеќе нема празни места и не се издаваат месечни паркинг карти на нови корисници. (Фото: СДК.МК)

    Плоштадот Пресвета Богородица кој е пешачка зона пред истоимената црква во Скопје е претворен во паркинг, на кој за паркирање наплатува црквата, но полицијата не казнува за погрешно паркирање.

    Целиот плочник пред црквата, просторот меѓу спомениците и фонтаните, како и делот пред новата барокна зграда каде се сместени владини институции и факултетот за филмска уметност е блокиран со коли. Но, на овој плоштад возилата никој не ги казнува, ниту ги подигнува пајак службата бидејќи сопствениците плаќаат на цркавата месечен билет за паркирање.

    Коли има насекаде, не само на плочникот дури и во зеленилото. (Фото: СДК.МК)

    Редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК отиде пред црквата Пресвета Богородица и прашавме колку чини паркирањето и како може да добиеме паркинг место. Свештените лице во црквата ни рекоа да отидеме во куќарката која што е на влезот на плоштадот и човекот кој што го регулира паркирањето ќе ни објасни сѐ.

    „Извинете ама немаме ништо слободно, пополнети се сите места пред црквата. И сега имаме поголем број од возила од што треба да има и од септември кога ќе почне факултетот со работа малку ќе го намалиме бројот. Паркирањето овде чини 1.000 денари месечно. Граѓаните кои доаѓаат во црквата за кратко да запалат свеќа или за крштевки и свадби не плаќаат“, ни рече вработениот кој го регулира и наплатува паркирање пред црквата.

    Делот од плоштадот пред зградата на Факултетот за филмска уметност. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните кои досега го користеле овој паркинг велат дека парите ги уплаќаат како донација и слободно влегуваат и се паркираат на плоштадот.

    (Фото: СДК.МК)

    Плоштадот Пресвета Богородица почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“. На него се изградени три фонтани со мермерни релјефи на кои стојат скулптури на свети Никола и свети Петар и Павле. Изградбата на Плоштадот ја финансираа Град Скопје и Општина Центар и чини околу 5,3 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира