Епидемиологот д-р Жарко Караџовски и претседател на Комисијата за заразни болести е меѓу годинашните добитници на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје, а награден е за заслуги во здравството. Меѓу добитниците е и тимот доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во земјава, во кој се проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Зравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.
Добитници на „13 Ноември“ се и новинарот Тони Димков, учителката по албански јазик Сервете Фида, поранешниот директор на Театарот за деца и младинци Љубомир Чадиковски, режисерот Коле Ангеловски, архитектот Петар Намичев, пејачот и режисер Диме Поповски, алпинистката Илина Арсова и Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), како и децата волонтери кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на Хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести Андријана Серафимовска, Тео Тасев, Теодора Трајковска, Филип Димишковски и Бојан Ристовски.