НАМЕСТО ДЕВЕТ ЌЕ ИМА ДВЕ ЗГРАДИ ВО ЛИСИЧЕ КОИ СЕ СО НАМАЛЕН ГАБАРИТ,  ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА НОВИОТ ПЛАН

    НАМЕСТО ДЕВЕТ ЌЕ ИМА ДВЕ ЗГРАДИ ВО ЛИСИЧЕ КОИ СЕ СО НАМАЛЕН ГАБАРИТ,  ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА НОВИОТ ПЛАНОстануваат маркички за двете згради кои беа со најголема висина од 12 и 8 ката, но сега со намалена катност и габарит. (Фото: СДК.МК)

    Две наместо девет згради ќе се градат во населбата Лисиче. Ова се предвидува со новата, втора верзија на Деталниот урбанистички план (ДУП) ЈИ 09.01, која ја изработи Општина Аеродром по реакциите и протестите на граѓаните.

    Остануваат маркички за двете згради кои беа со најголема висина од 12 и 8 ката, но сега со намалена катност и габарит. Така, зградата која ќе биде на аголот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригата ќе остане со приземје, 10 ката и поткровје, но габаритот е намален за една третина. Ќе има две кули, а меѓу нив, како што објаснуваат урбанистите од Општината, дупка или деловен простор од два ката. Со тоа ќе има струење на воздухот и нема да биде како бетонски ѕид, како што беше предвидено со првата верзија. Зградата до неа која беше со приземје, 6 ката и поткровје, сега ќе биде само со три ката.

    Сите други маркички за згради се избришани. Втората верзија за Деталниот урбанистички план за ЈИ 09.01опфаќа значително помал број станбени објекти во споредба со првата верзија, намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат, намалување на бројот на новопроектирани улици, зеленило во форма на парковска површина од 2.000 квадратни метри и легализација на повеќе од 100 бесправно објекти за индивидуално домување. Изработката и носењето на деталниот урбанистички план за овој дел од Општина Аеродром, првенствено има за цел решавање на инфраструктурните и комунални проблеми на граѓаните, а потоа подобрување на квалитетот на живеење во Аеродром. Целиот процес на изработка деталниот урбанистички план се одвива низ транспарентна постапка и во целиот тек на таа постапка на посреден и непосреден начин беа вклучени граѓаните“, велат од Општина Аеродром.

    Урбанистите од Општината објаснуваат дека се направени измени и во однос на забелешките на граѓаните за ширината на улиците и пробивањето на новите улици.

    Улиците ќе останат со постоечката ширина, а избришана е улицата која требаше да се пробива со цел да им овозможи подобар пристап на граѓаните до нивните домови. Но, граѓаните не сакаа да им се одземе дел од нивните дворови, па ние постапивме по нивните барања“, додаваат од Општина Аеродром.

    Јавната презентациоја на ДУП-от ќе биде утре, а јавната анкета на која граѓаните можат да ги достават своите забалешки трае до 10 јули.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира