НАПРАВЕН Е НОВ ПРОЕКТ ЗА ГАСОВОДОТ СО КОЈ СЕ СЕЧЕ 70 ОТСТО ПОМАЛКУ ЗЕЛЕНИЛО НА ВОДНО, РЕЧЕ АНЃУШЕВ

    НАПРАВЕН Е НОВ ПРОЕКТ ЗА ГАСОВОДОТ СО КОЈ СЕ СЕЧЕ 70 ОТСТО ПОМАЛКУ ЗЕЛЕНИЛО НА ВОДНО, РЕЧЕ АНЃУШЕВАнѓушев рече дека гасоводот мора да се гради и дека со тоа ќе се намали бројот на домаќинстав кои се грејат на дрва и најави дека невладините организации ќе бидат вклучени во текот на целиот процес.(Фото: Влада на РМ)

    Направен е нов проект за трасата на гасоводот со кој за 70 отсто е намалено оштетувањето на зеленило од првично предвиденото, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој денеска заедно со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи и претставници од иницијативата „Го сакам Водно“  беа на Водно на локациите каде што треба да минува гасоводната мрежа.

    Анѓушев рече дека гасоводот мора да се гради и дека со тоа ќе се намали бројот на домаќинства кои се грејат на дрва и најави дека невладините организации ќе бидат вклучени во текот на целиот процес.

    „Jа поздравувам иницијативата на невладините организации, тие се коректор на политиките на секоја влада и како такви и денеска се уверивме дека делумно или во најголем дел биле во право во своите барања. Службите во МЕР напорно работеа заедно со невладините организации и мислам дека во најголем дел таа траса се искорегира. Можете да го видите проектот каде што таа претходно била замислена и како сега сите делници каде што може да биде уништена шума се избегнати. Но, и покрај тоа што е направено максимално избегнување каде што може, во еден дел мора да се помине низ шума. Таму ќе се користат шумските патеки кои се веќе постојни, за да се направат минимални оштетувања кои може да настанат. Се надевам дека ќе дојдеме до заеднички јазик како оваа делница да се изгради“, рече Анѓушев.

    Андреа Јанков од иницијативата „Го сакам Водно“ вели дека ова се некои начелни, прелиминарни проекти кои се прават од изведувачите на основниот проект.

    „Останува да продискутираме за овие дадени предлози со кои навистина се намалува импактот врз Водно. Од претходните четири километри шумски појас уништување, сега се намалува на два, се јавува теснење односно користење на постоечки патеки. Но, останува да продолжиме со разговорите, за да добиеме адекватно решение со кое сите би биле задоволни“, рече Јанков.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира