НЕ САМО ШТО ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ, ТУКУ И ЌЕ ПОБЕДАМ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    НЕ САМО ШТО ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ, ТУКУ И ЌЕ ПОБЕДАМ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВШилегов вели дека граѓаните препознаваат што е направено во градот и затоа ќе му дадат втор мандат. (Фото: К. Попов)

    Не само што ќе се кандидирам за градоначалник, туку и ќе го добијам вториот мандат, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали тој ќе биде кандидат на претстојните локални избори или СДСМ ќе поддржи кадар на ДУИ.

    Градоначалникот Шилегов рече дека таквата информација која деновиве излезе во јавноста е лажна вест и оти бил запрепастен како со леснотија се креира и шири лажна вест.

    „Веќе имам дадено изјава во однос на мојата кандидатура уште пред да се појават овие шпекулации и лажни вести. Утре ќе се расчистат сите шпекулации, ќе видите дека не станува збор за градоначалник на Град Скопје, туку за друга проблематика. Во изминатиов период од мојот прв мандат ги решаваме проблемите на овој град кои што не биле решавани 40 години. Таквата посветеност, внесувањето нови стандарди и квалитети е препознаена кај скопјани и тоа го покажуваат сите анализи. Не само што ќе се кандидирам туку и ќе го добијам вториот мандат од граѓаните“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за реконструкција на вториот дел од Градски парк.

    Локалните избори ќе се одржат во втората половина на октомври.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира