НЕ УМИРАЈТЕ ОД РАК, БИТОЛЧАНИ СО ПАРОДИЈА НА ПРЕПОРАКИТЕ ОД ОПШТИНАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ УМИРАЈТЕ ОД РАК, БИТОЛЧАНИ СО ПАРОДИЈА НА ПРЕПОРАКИТЕ ОД ОПШТИНАТА

    Општина Битола поради загадениот воздух излезе до препораки граѓаните да го користат јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба или повеќе лица да се возат заедно во исто возило. Апелираа до граѓаните правилно да ги користат печките на дрва, да не вршат затоплување на просториите со прегреано отпадно моторно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, гума и синтентички материјал.

    На ова битолчани возвратија пародично испишувајќи порака на фасада на Широк Сокак „Препорака: Не умирајте од рак“- Општина Битола.

    Од здружението „За нас се работи“ кое води битка за почист воздух во Битола, сметаат дека загадениот воздух е и причина за се поголемиот број на канцерогени заболувања кои не ги одминуваат ни децата.

    „Експертските анализи покажуваат дека загадениот воздух најмногу се одразува врз здравјето на најмладите. Имавме информација од Институтот за народно здравје, која велеше дека во земјава Пелагонискиот регион има најмногу заболени деца од малигни неоплазми токму по број на жители. Околу 205 деца биле заболени од малигни неоплазми до 2012 година. Не е објавен бројот како е од 2012 до денес. Но, експертите велат дека најмладите до шестгодишна возраст се најзасегнати од загадениот воздух“, вели Душко Груевски од „За нас се работи“.

    Загадувањето е топ тема во Битола, па дури и водителот на битолската телевија „Орбис“ вчера вестите ги водеше со црна маска на устата.

    Битола вчера беше лидер во земјава по аерозагадување со ситна прашина. Дневната концентрација на ПМ 10 честичките достигна 139 микрограми на метар кубен иако дозволената граница е до 50. - Поглед од Пелистер на Битола. (Фото: СДК.МК)

    Битола вчера беше лидер во земјава по аерозагадување со ситна прашина. Дневната концентрација на ПМ 10 честичките достигна 139 микрограми на метар кубен иако дозволената граница е до 50. – Поглед од Пелистер на Битола. (Фото: СДК.МК)

    Битолчани кои денес се искачија на Пелистер реагираат дека од планината не се ни гледа градот поради густата магла која го има потиснато. Над неа излегуваат само оџаците од РЕК.

    Снежана Стоилова, универзитетски професор по хигиена вели дека маглата не дозволува проветрување на воздухот, па под неа остануваат штетните гасови од аерозагадувањето, од возилата и оџаците.

    „Ова е најлош период заради загадениот зводух и последиците што ги предизвикува по здравјето на луѓето. Нема проветрување, па ПМ 10 честичките, аеросолите, азотните оксиди и јаглеродниот моноксид лебдат во воздухот и ги вдишуваме. Тие предизвикуваат респираторни заболувања и вируси“, вели Стоилова.

    Високо присуство на ПМ 10 честичките деновиве е регистрирано од мерната станица Битола 2 во центарот на градот. Според податоците објавени на веб страната на Министерството за животна средина, концентрациите на суспендираните честички и денес се високи. Вчера пак, Битола беше лидер во земјава по аерозагадување со ситна прашина. Дневната концентрација на ПМ 10 честичките достигна 139 микрограми на метар кубен иако дозволената граница е до 50.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира