НЕГАТИВНИ НА КОРОНАВИРУС СЕ ПАЦИЕНТИТЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА, A 86-ГОДИШНИОТ БОЛЕН СЕ ОПОРАВУВА

    НЕГАТИВНИ НА КОРОНАВИРУС СЕ ПАЦИЕНТИТЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА, A 86-ГОДИШНИОТ БОЛЕН СЕ ОПОРАВУВАВо добра здравствена состојба е и 86-годишнио пациент, кој се лекува на Инфективното одделение во Битолската болница. Неговиот втор тест е негативен. (Фото: СДК.МК)

    Негативни се сите 20 брисови што беа земени од пациентите во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, потврдија од установата. Брисевите од старите лица беа земени откако 86-годишен пациент беше инфициран со КОВИД-19, по што го сместија во Клиничката болница во Битола.

    На коронавирус беа тестирани сите жители од домот кои беа во иста соба со него или на ист спрат и, за среќа, не се заразија од болниот.

    Во добра здравствена состојба е и 86-годишнио пациент, кој се лекува на Инфективното одделение во Битолската болница. Неговиот втор тест е негативен.

    Во двонеделна изолација од 4 април се девет медицински сестри од „Сју Рајдер“, каде има 154 корисници и 34 вработени. Во домот се направени сите потребни мерки и дезинфекции, а забранета е посета.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира