И ГОДИНАВА НЕМА ДА ИМА НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ВО СКОПЈЕ, ГРАДОТ САМО ЌЕ СЕ НАКИТИ

    И ГОДИНАВА НЕМА ДА ИМА НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ВО СКОПЈЕ, ГРАДОТ САМО ЌЕ СЕ НАКИТИПредвидено е градот само да се накити со новогодишни украси и да има предновогодишни забави за деца, но не и главна прослава.-Од ланското украсување на Скопје(Фото:Град Скопје)

    Ниту годинава нема да има новогодишна прослава на плоштадот Македонија во Скопје. Предвидено е градот само да се накити со новогодишни украси и да има предновогодишни забави за деца, но не и главна прослава.

    Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека парите за оваа намена ќе се донираат на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.

    „Сакам јавно да кажам дека нема да има прослава на Нова година. На спонзорот ‘Телеком‘ му рековме парите кои се предвидени за оваа намена да се донираат кај децата односно на Детска клиника и во болницата Козле“, рече Шилегов, пред советниците на денешната седница на Советот на Град Скопје.

    За прославата на новогодишната ноќ било предвидено да се потрошат 50.000 евра.

    Лани и градоначалникот Коце Трајановски ја откажа новогодишната прослава откако на социјалните мрежи граѓаните побараа парите да се донираат во хуманитарни цели.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира