НЕУСПЕШЕН Е КОНКУРСОТ ЗА РАСАДНИК ВО КИСЕЛА ВОДА ОТИ НЕМАЛО ДОВОЛНО ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА, ГЕОРГИЕВСКИ ВЕЛИ ЌЕ СЕ РАСПИШЕ НОВ

    НЕУСПЕШЕН Е КОНКУРСОТ ЗА РАСАДНИК ВО КИСЕЛА ВОДА ОТИ НЕМАЛО ДОВОЛНО ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА, ГЕОРГИЕВСКИ ВЕЛИ ЌЕ СЕ РАСПИШЕ НОВНа конкурсот стигнале само четири идејни решенија, а во условите се бараше да има најмалку седум труда. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Неуспешен е конкурсот за избор на идејно решение за уредување на просторот Расадник во Општина Кисела Вода. На конкурсот стигнале само четири идејни решенија, а во условите се бараше да има најмалку седум труда. Поради тоа, 9-члената жири комисија  одлучила да не се разгледувааат пристигнатите тудови бидејќи не се исполнети условите.

    „Секако дека ќе има нов конкурст, не се откажуваме од идејната Расадник да се уреди по идеја на стручната фела. Комисијата во наредниот период ќе одлучи дали ќе се намали бројот на потребни трудови кои треба да пристигнат за да биде успешен конкурсот. Тоа би била единствената измена, другите услови ќе останат исти. Жално е што само еден од трудовите е домашен, од наши архитекти. Другите три се од странство“, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски.

    Конкурсот за Расадник беше објавен лани во јули. Општината го подготви заедно со Асоцијацијата на архитекти, Архитектонскиот факултет и Комората на овластени архитекти и инженери.

    Во Расадник со конкурсот ќе има згради, но не 99 висококатници кои целосно ќе го бетонизираат овој дел од градот. Се бара да биде предвидена и градинка, основно училиште, верски објект, урбана парк-шума од минимум 100.000 метри квадратни, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина.

    Сегашниот Детален урбанистички план (ДУП) предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје, на само 2 километри од центарот на градот, со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината. Граѓаните на Кисела Вода излегоа на протести против лошиот ДУП и побараа минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта, поликлиника, велосипедски патеки.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира