НИ ДАВААТ ДА ВОЗИМЕ РАСИПАНИ АВТОБУСИ И ЗАТОА СЕ СЛУЧУВААТ НЕСРЕЌИ, РЕЧЕ ВОЗАЧОТ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ КОЈ ИЗЛЕТА ОД БУЛЕВАР И СЕ КАЧИ ВО ЖАРДИНЕРА ОТИ СЕ ЗАКОЧИЛ ВОЛАНОТ

    НИ ДАВААТ ДА ВОЗИМЕ РАСИПАНИ АВТОБУСИ И ЗАТОА СЕ СЛУЧУВААТ НЕСРЕЌИ, РЕЧЕ ВОЗАЧОТ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ КОЈ ИЗЛЕТА ОД БУЛЕВАР И СЕ КАЧИ ВО ЖАРДИНЕРА ОТИ СЕ ЗАКОЧИЛ ВОЛАНОТВозачите пријавуваат дефекти, но велат дека автобусите другиот ден пак се пуштаат во сообраќај и се даваат на други шофери. (Фото: СДК.МК)

    Ни даваат да возиме неисправни возила затоа вчера автобусот излета од коловозот и се качи на жардинерата кај ТЦ „Мавровка“, рече денеска возачот Ферзи Арифи по инцидентот кој се случи вчера попладне на линијата број 2. Арифи ова го кажа на прес-конференцијата пред седиштето на ЈСП „Скопје“ која ја организираше Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

    Во вчерашниот инцидент покрај возачот Арифи беше повредена и една жена.

    Претседателот на КСОМ Марјан Ристески кажа дека за инцидентот е виновно раководството на претпријатието кое не ги сервисира автобусите и со тоа ги доведува во опасност вработените, но и патниците.

    Инцидентот се случил бидејќи бил неисправен воланот, односно во тој момент се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за други се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“, рече Ристески.

    По ова, на прес-конференцијата се појави новиот директор Драги Кушовски кој е на функција една недела, и им рече дека шират шпекулации. Побара да приложат извештај во кој пишува дека автобусот е неисправен. На ваквите обвинувања од директорот, возачот Арифи почна да плаче и му рече дека тие постојано пријавуваат дефекти, но автобусите другиот ден пак се пуштаат во сообраќај и се даваат на други шофери.

    Цел живот сум во ЈСП, тука и низ скопските улици ми побеле косата. На трасата од линијата 2 ја знам секоја дупка и не е можно да ми се случи вакво нешто. Воланот ми закочи, жал ми е патниците што мора да се возат во вакви неисправни автобуси“, рече Арифи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира