ОБЕЗБЕДУВАЧ ВО ВЕЛЕШКО КАЗИНО НАПАДНАТ СО НОЖ ОТИ БАРАЛ ОД ГОСТИН ДА НОСИ ЗАШТИТНА МАСКА

    ОБЕЗБЕДУВАЧ ВО ВЕЛЕШКО КАЗИНО НАПАДНАТ СО НОЖ ОТИ БАРАЛ ОД ГОСТИН ДА НОСИ ЗАШТИТНА МАСКАДва физички напада врз обезбедување кое барало од странките да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 има во Велес за два дена. (Фото: СДК.МК)

    Во Велес за два дена има два физички напада врз обезбедување кое барало од странките да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Синоќа околу 21.30 часот, обезбедувач од казино бил нападнат со нож оти барал лицето да носи заштитна маска, а во понеделникот странка во банка нападнала обезбедувач и го фатила за гуша оти барал да го почитува редот за влез во банката.

    Додека бил на работното место како обезбедување во казино во центарот на Велес, обезбедувачот било физички нападнат од велешанецот Д. С. кој не сакал да стави заштитна маска за да влезе во казиното.

    Напаѓачот употребил и нож, меѓутоа обезбедувачот го одбил нападот, по што напаѓачот го фрлил ножот и избегал во непознат правец, рече Димитар Каракулев, од СВР Велес.

    Инцидентот во банка во центарот на градот се случил во понеделникот напладне.

    „Во 12.40 часот Б. А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б. Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од ковид-19 од страна на пријавениот“, велат од МВР.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира