ОД ДЕНЕС УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ ВО КАПИШТЕЦ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

    ОД ДЕНЕС УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ ВО КАПИШТЕЦ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТАОд денес ќе почне да се гребе асфалтот па поради тоа сообраќајот ќе биде пренасочен по улицата Народен фронт.(Фото: Град Скопје)

    Од денеска во 18 часот затворена за сообраќај ќе биде улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец. Од Град Скопје велат дека од денес ќе почне да се гребе асфалтот на улицата Васил Ѓоргов, па поради тоа улицата ќе биде затворена и сообраќајот ќе биде пренасочен по улицата Народен фронт.

    „Апелираме до сите ученици во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ги користат околните улици“, велат од Град Скопје.

    Викендов ќе биде затворен за сообраќај и дел од улицата 11 Октомври бидејќи ќе се работи на реконструкција на крстосницата кај Собранието. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека за време на продолжениот викенд улицата кај Зелен пазар ќе биде готова, а градежните работи на Васил Ѓоргов ќе завршат за десетина дена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира