ОД ДЕНЕСКА ОТВОРЕНА МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ОХРИД, ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ ПРЕНЕСЕНИ ОД ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ

    ОД ДЕНЕСКА ОТВОРЕНА МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ОХРИД, ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ ПРЕНЕСЕНИ ОД ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕВо модуларната ковид болница има 40 кревети и целосна медицинска опрема. (Фото: СДК.МК)

    Модуларната болница во Охрид за лекување пациенти заболени од коронавирусот од денеска почнува со работа. Во монтажниот здравствен ковид објект, кој е веднаш до Инфективното одделение, има 40 кревети и целосна медицинска опрема. Болничкиот комплекс за брзо време ќе биде опремен и со кислородна станица за снабдување со кислород за потребите на пациентите.

    Директорот на Општата болница Охрид д-р Горан Балевски, вели дека тука ќе биде преселено Инфективното одделение, со дежурен интернист и инфектолог, на Геријатрија ќе бидат сместени сомнителните случаи на ковид-19, а Нервното одделение ќе се врати на редовната работа.

    „Доделени ни се уште осум контејнери, што ќе значи зголемување на капацитетот на модуларната болница за околу 12-13 легла“, вели Балески.

    Модуларната болница значително ќе го олесни справувањето со здравствената криза во Охридскиот Регион. Во моментов, во Охридската болница има 56 хоспитализирани пациенти од кои 70 проценти се на кислородна поддршка. Дел од нив се во тешка состојба.

    Охрид, каде моментално има 440 активни случаи на коронавирус, е жариште и на мутираниот британски сој на вирусот. Д-р Балески вели дека е добро што постоечката терапија делува, а вакцината го покрива и новиот сој.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира