ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА ДВЕ ПАЦИЕНТКИ ОД ВЕЛЕС, 13 СМРТНИ СЛУЧАИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА ДВЕ ПАЦИЕНТКИ ОД ВЕЛЕС, 13 СМРТНИ СЛУЧАИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА На Инфективното одделение во Велешката болница хоспитализирани се 41 пациент. (Фото: СДК.МК)

    Две жени ноќеска починаа од ковид-19 на Инфективното одделение од велешката Општа болница, соопштија од оваа здравствена институција.

    „Едната пациентка е на 57-годишна возраст, со прекумерна тежина и хипертиреоза, примена е на 25 октомври во тешка состојба со ниска сатурација. Втората почината е жена на 86-годишна возраст со хипертензија, приемена е на 19 октомври“, изјави д-р Весна Николоска-Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес.

    Ова се тринаесет жртви од Велес за една недела, починати од компликации предизвикани од ковид-19. Досега во Велешко починаа 29 пациенти со коронавирусот.

    На Инфективното одделение хоспитализирани се 41 пациент, 33 потврдено позитивни, за осум кои имале симптоми се чекаат резултати од земен брис. Тринаесет пациенти се на кислородна поддршка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира