ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ИЗВАДЕНИ НАД 70 „МРЕЖИ ДУХОВИ“ КОИ СЕ ЗАКАНА ЗА ЖИВИОТ СВЕТ

    ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ИЗВАДЕНИ НАД 70 „МРЕЖИ ДУХОВИ“ КОИ СЕ ЗАКАНА ЗА ЖИВИОТ СВЕТОвие мрежи се опасни не само затоа што прават замки за рибите и останатите живи организми туку се и пречки на кои се напластуваат одредени органски или физички материјали.(Фото: СДК.МК)

    За неколку дена, од водите на Охридското Езеро, на потегот од Заум до Градиште, на длабочина од 5 до 35 метри отстранети се над 70 мрежи за риби како дел од активностите во рамките на проектот кој го спроведуваат Хидробиолошки завод од Охрид и меѓународната организација „Healthy Seas“. Експертите велат дека тие служат како стапици за рибите и најчесто се напластени во локалитетите каде се наоѓаат рибните пловишта, но и каде што се мрести охридската пастрмка.

    „Таканаречените мрежи духови се опасни не само затоа што прават замки за рибите и останатите живи организми, туку се и пречки на кои се напластуваат одредени органски или физички материјали. Исто така, изработени се од материјал кој не е биоразградлив и остава последици врз животната средина и живиот свет кој го населува Охридското Езеро“, вели директорката на Хидробиолошкиот завод, Орхидеја Тасевска.

    Нуркачите велат дека мрежите како вештачки бариери фатени во карпите ги има скоро на сите длабочини, а најтешко се вадат оние кои со години стојат на езерското дно.

    „Езерото е доста големо и има доста локации со останати мрежи. Најголемиот дел од мрежите се на карпестиот дел каде што се мрести охридската пастрмка, фатени се за карпите и тешко можат да се извадат. Длабочината на која работевме беше од 30 до 5-6 метри“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот центар „Амфора“.

    На тркалезната маса посветена на проблемот со мрежи духови, присутните кажаа дека само со поголема контрола од страна на институциите и поголема едукација на оние кои користат рибарски алат ќе се подобри заштитата на Охридското Езеро.

    Акција за чистење на мрежите духови од Охридското Езеро беше спроведена и во 2017 година кога биле извадени напуштени мрежи од најразличен вид и материјал во должина од 14 километри. Од Хидробиолошкиот завод велат дека ваквите активности треба да се прават на годишно ниво.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира