ОД ПОНЕДЕЛНИК АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО СКОПЈЕ ЌЕ ВОЗАТ ОД 5 ДО 19 ЧАСОТ, А НЕ ДВОСМЕНСКИ

    ОД ПОНЕДЕЛНИК АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО СКОПЈЕ ЌЕ ВОЗАТ ОД 5 ДО 19 ЧАСОТ, А НЕ ДВОСМЕНСКИАвтобусите на ЈСП и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред. (Фото: К.Попов)

    Од понеделник автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници ќе возат од 5 до 19 часот, а не двосменски како досега. Од 9 април автобуси во Скопје имаше од 5 до 9 часот и од 13 до 19 часот.

    „Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред“, велат од претпријатието.

    На сила сѐ уште е одлуката за укинување на бесплатниот автобуски превоз за пензионерите, учениците и студентите, како дел од мерките за заштита од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира