ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ ДА НЕ СЕ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“ КОЈ Е ПОСЛЕДНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА ВО СКОПСКИОТ МАЛ РИНГ

    ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ ДА НЕ СЕ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“ КОЈ Е ПОСЛЕДНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА ВО СКОПСКИОТ МАЛ РИНГДеновиве, со багери се раскопува паркот кај поранешен хотел „Јадран“ на само неколку метри од Плоштадот Македонија. (Фото: К. Попов)

    Почнува бетонизацијата и на последната зелена слободна парцела во Малиот ринг, во најстрогиот центар на Скопје. Деновиве, со багери се раскопува паркот кај поранешен хотел „Јадран“ на само неколку метри од Плоштадот Македонија.

    Во паркот, според Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, предвидено е да се гради зграда на 5 ката плус поткровје. Дозволата за градба, како што велат од Општина Центар, е потпишана  на 2 ноември, неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ.  Преку информатичкиот систем е-одобрение за градба е издадена дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“.

    „Граѓаните кои живеат во непосредна близина вложиле жалби до Второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, но истите се одбиени. Со тоа се исцрпени сите правни средства кои стојат на располагање да се стопира градбата“, велат од Општина Центар.

    Зградата во паркот е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во 2012, кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и кога на секоја слободна парцела во центарот беа нацртани згради и објекти од „Скопје 2014“.

    Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени овој план, а откако беше поништен од Уставен суд, инвеститорите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира