ОХРИДСКИОТ ТЕПАЧ НА ДЕВОЈКАТА ОБВИНЕТ ЗА 3 КРИВИЧНИ ДЕЛА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР

    ОХРИДСКИОТ ТЕПАЧ НА ДЕВОЈКАТА ОБВИНЕТ ЗА 3 КРИВИЧНИ ДЕЛА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОРДевојката била пронајдена и итно пренесена во болницата „Свети Еразмо“, каде што била задржана на лекување поради сериозноста на состојбата. (Фото: СДК.МК)

    Охридското Основното јавно обвинителство (ОЈО) до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста против тепачот од Охрид кој ја претепа до бесознание и ја остави на улица девојка му.

    „При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката“, соопшти Обвинителството.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира