ОХРИЃАНИ СОБИРААТ КОМПЈУТЕРИ ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

    ОХРИЃАНИ СОБИРААТ КОМПЈУТЕРИ ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВАНад сто ученици во Охрид и околината од социјално ранливи семејства немаат електронски уреди и се соочуваат со потешкотии за учење на далечина; - Центарот на Охрид. (Фото: СДК.МК)

    Охриѓани се мобилизираа и започнаа акција за собирање компјутери, лаптопи и таблети за децата од социјално ранливите семејства кои немаат електронски уред за следење на онлајн наставата. Над сто ученици во Охрид и околината токму поради тоа се соочуваат со потешкотии за учење на далечина.

    „Да се соберат што повеќе и да се помогне приоритетно онаму каде што е најпотребно, бидејќи има семејства со неколку деца каде ниедно дете нема лаптоп или компјутер, социјално зарозени случаи. Се надеваме дека навистина ќе помогнеме онаму каде што треба да се помогне“, вели Јован Цветкоски, тим лидер на иницијативата „5 до 12“.

    Од таму велат дека интересот за донирање од граѓаните е голем, но ќе се бара поддршка и од големите компании во градот.

    „Планираме акцијата да ја спроведеме заедно со Црвен крст, но секако ќе ги вклучиме и директорите, професорите и класните раководители на училиштата, бидејќи тие најдобро знаат на кого му е најпотребен компјутер“, вели Цветкоски.

    Претходно. 50 социјално загрозени семејства добија таблети од Општина Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира