ОХРИЃАНКА ВИДЕЛА СООБРАЌАЈКА И СЕ ИСПЛАШИЛА, ПАДНАЛА НА ТРОТОАР И ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛА

    ОХРИЃАНКА ВИДЕЛА СООБРАЌАЈКА И СЕ ИСПЛАШИЛА, ПАДНАЛА НА ТРОТОАР И ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛАПовозрасната охриѓанка се исплашила од ударот на возилата, паднала на тротоарот и тешко се повредила, по што завршила во болницата „Свети Еразмо“. (Фото: СДК.МК)

    Повозрасна охриѓанка вчера претпладне во Охрид видела сообраќајка и се исплашила, паднала на тротоарот и тешко се повредила, соопшти полицијата. Жената била пренесена во специјалната болница „Свети Еразамо“ во Охрид каде ѝ била укажана лекарска помош.

    Како што вли МВР, охриѓанката се движела по тротоарот, кога на крстосницата на улиците Трајче Трајчески и Сатеска се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со охридски и со скопски регистарски ознаки.

    „Таа се се исплашила од ударот на возилата и паднала на тротоарот, здобивајќи се со тешки телесни повреди, констатирани во болницата ‘Свети Еразмо’, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид”, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира