ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА КУМАНОВСКИОТ СОВЕТ ПОРАДИ ЕКОЛОШКИТЕ ПРОБЛЕМИ ОД ДЕПОНИЈАТА КРАСТА

    ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА КУМАНОВСКИОТ СОВЕТ ПОРАДИ ЕКОЛОШКИТЕ ПРОБЛЕМИ ОД ДЕПОНИЈАТА КРАСТАЖителите на трите села и денеска се на протест и не дозволуваат камионите на претпријатието да го истураат сметот во депонијата. (Фото: СДК.МК)

    Советничката група на СДСМ и коалицијата бара Советот на Општина Куманово да одржи вонредна седница, на која
    ќе расправа за еколошките проблеми предизвикани од депонијата Краста, која неколку дена гори и го загрозува здравјето на жителите од околните села и градот.

    „Иницијативата е доставена до претседателката на Советот со една точка на дневен ред: информација за состојбата и презмените мерки за гаснење на пожарот на депонијата Краста, за зачувување на сигурноста на граѓаните, како и за преземените мерки за отстранување на штетните последици по здравјето и имотот на граѓаните. Ние на вчерашната седница се обидовме да добиеме одговор од директорот на јавното претпријатие, но не ни беше дозволено од претседателката, затоа сега доставивме писмено барање, бидејќи согласно член 30 и 31 од Статутот на Општина Куманово, исполнети се услови за свикување на вонредна седница. Бараме седницата да биде закажана за утре, и да присуствуваат претставниците на сите надлежни институции, како и од месната заедница Пчиња. Доколу не се прифати нашиот предлог ние ќе ги преземеме сите законски механизми за да се одржи седницата, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните“, вели Александар Јовсновски, координатор на советничката група на СДСМ.

    Тој вели дека не сакаат седницата да ја политизираат, туку да добијат комплетна информација за состојбата на терен, особено што е доведено во прашање и изнесувањето на сметот од градот, а локалната власт сака да го сокрие случајот, иако постои голема вознемиреноста и револтот кај месното население и граѓаните.

    На депонијата Краста се изнесува сметот од Куманово, а од пожарот непријатната миризба и загушливиот чад најмногу се чувствуваат во котлината на селата Пчиња, Студена Бара и Вак’в, но и на периферијата и во центарот на градот.

    Жителите на трите села и денеска се на протест и не дозволуваат камионите на претпријатието да го истураат сметот во депонијата. Тврдат дека надлежните го игнорираат нивното барање за средба, па наместо да излезат на терен, ги пријавиле во полиција и им се закануваат со тужби.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира