ОПШТИНА АЕРОДРОМ НА СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ ЌЕ МУ ДАДЕ 4.000 ЕВРА НАГРАДА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОТИ РАБОТЕЛЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ НА СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ ЌЕ МУ ДАДЕ 4.000 ЕВРА НАГРАДА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОТИ РАБОТЕЛЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАПокрај награда за наставниците, со ребалансот секое училиште од општината ќе добие по 500.000 денари за хигиена и тековно одржување.(Фото: Општина Аеродром)

    Општина Аеродром со ребалансот на буџетот обезбеди пари за ги награди наставниците и вработените во училиштата оти работеле во време на пандемија. Секое училиште ќе добие по 4.000 евра од Општината кои ќе се поделат на наставниците, стручните служби и техничкиот персонал.

    Со ребалансот секое училиште од општината ќе добие по 500.000 денари за хигиена и тековно одржување. Обезбедени се средства и за образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од прво до трето  одделение во износ од 15. 000 денари. Исто така, предвиден е и нов проект во вредност од 260.000 денари, преку кој на учениците со посебни потреби ќе им се овозможат пливачки активности со инструктор. Четири основни училишта ќе добијат проекти и сеизмички елаборати за нивна доградба, во висина од 4,2 милиони денари.

    „Сите детските градинки ќе добијат еден милион денари за хигиена и тековно одржување и 18 милиони денари за  одржување и санација на зградите, а ќе се скрати и рокот за доградба на детската градинка ‘Црвенкапа‘, која ќе почне кон крајот на годинава. Со ребалансот на буџетот одвоивме средства за 4 нови еколошки проекти, со кои очекуваме да се подобрат условите за поквалитетен живот на граѓаните“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

    Дополнителните средства ќе овозможат реализација на два нови проекта за хортикултурно и партерно уредување на зелени површини, и тоа на булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ зад ФФМ, како и комплетна реорганизација на комуналната служба.

    Преку ребалансот се обезбедија средства и за изградба на пет нови детски игралишта и за реконструкција и одржување на постојните детски и спортски игралишта, што ќе опфати поставување нови подлоги и нови реквизити, додека улиците во Горно Лисиче ќе добијат хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира