ОПШТИНА КУМАНОВО ОДВОИ 32.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА

    ОПШТИНА КУМАНОВО ОДВОИ 32.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКАЖителите денеска со собир оддадоа почит за загинатите во Кочани и се простуваа од својот сограѓанин, музичарот Филип Стевановски. (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Куманово денеска одржа вонредна седница и одлучи да одвои вкупно 2 милиона денари (околу 32.000 евра), по еден за семејствата на загинатите и за повредените во пожарот со 59 жртви во дикотеката „Пулс“ во Кочани.

    Од собирот во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Жителите денеска се простуваа од својот сограѓанин кој загина во пожарот, музичарот Филип Стевановски, кој постојано беше дел од културниот и музичкиот живот во градот. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а од пред неколку години од Куманово се пресели во Штип и од јануари стана директор на Центар за култура „Ацо Шопов“. Тој беше и уметнички директор на Џез фестивалот во Куманово.

    Од собирот во тетово. (Фото: СДК.МК)

    На собирот на градскиот плоштад со кој се одаде почит на загинатите присуствуваа главно средношкоци, професори, а им се придружија и голем број граѓани. Собирот беше организиран преку социјалните мрежи.

    Денеска и жителите на Тетово и Куманово со собири оддадоа за жртвите во Кочани.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира