ОПШТИНА ОХРИД ПОЧНА ДА УРИВА ДИВИ ПЛАТФОРМИ НА КАФУЛИЊА И МОНТАЖНИ ОБЈЕКТИ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО

    ОПШТИНА ОХРИД ПОЧНА ДА УРИВА ДИВИ ПЛАТФОРМИ НА КАФУЛИЊА И МОНТАЖНИ ОБЈЕКТИ НА КРАЈБРЕЖЈЕТОАкцијата за уривање започна на потегот од плажата „Горица 3“ до болницата за лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата Свети Стефан. (Фото: СДК.МК)

    Општина Охрид денес почна да урива шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови долж крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО. Акцијата започна на потегот од плажата „Горица 3“ до Болницата за лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата Свети Стефан.

    „Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во Езерото”, велат од кабинетот на градоначалникот Константин Георгиески.

    Владата на седницата одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a која предвидува концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба.

    На концесионерите договорите со Министерството за транспорт и врски им се истечени во 2018 година и оттогаш работат на диво бидејќи нов повик не е распишан.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира