ОПШТИНА ТЕТОВО ЌЕ ГРАДИ МОСТ НА ПАТОТ ОД ШИПКОВИЦА КОН БРОДЕЦ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ЌЕ ГРАДИ МОСТ НА ПАТОТ ОД ШИПКОВИЦА КОН БРОДЕЦЗа расчистување на патот беа повикани специјалните минерски единици на АРМ мораа со употреба на динамит да ги кршеа огромните карпи за да го оспособат патот за сообраќај. (Фото: Зандон)

    Општина Тетово и Бирото за регионален развој на Република Македонија потпишаа договор со кој ќе се гради мост на патот од село Шипковица кон село Бродец. Со ова ќе се реши еден долгорочен проблем кој настануваше секогаш кога ќе паднеа пообилни дождови па патот често пати беше тешко оштетуван од пороите и свлечиштата на земјата кои редовно се појавуваа.

    „Се работи за делница која, при пообемни дождови во тој дел, се создаваат порои и земјени наноси и често пати доаѓа до проблеми во одвивањето на сообраќајот на овој локален пат. За надминување на овој проблем проектантите предложија на ова место да се изгради мост кој ќе биде долг 16 метри а широк 7 метри. Општина Тетово неодамна целосно го реновира патот од Шипковица кон Бродец а остана само оваа критична точка која сега, со изградбата на мостот ќе биде и таа надмината. Изградбата се очекува да заврши до крајот на оваа година“, изјави градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи на потпишувањето на договорот.

    Изградбата на мостот ќе чини 7,5 милиони денари од кои средства 3,5 милиони се на Општината а другите се од Бирото за регионален развој. Со изградбата на мост на патот Шипковица – Бродец ќе се реши еден долгогодишен проблем на жителите од овие две планински села. При последните големи поплави кои ја зафатија Шипковица овој дел од патот каде сега ќе се гради мостот, беше целосно однесен од надојдената вода која пак донесе и огромни карпи кои целосно го блокираа сообраќајот.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира