ОПШТИНА ЦЕНТАР ИЗБРИША МАРКИЧКА ЗА ОСУМКАТНИЦА НА ФИРМАТА „СГС“ СО ИЗМЕНИТЕ НА ПЛАНОТ ДАРЕ ЏАМБАЗ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ИЗБРИША МАРКИЧКА ЗА ОСУМКАТНИЦА НА ФИРМАТА „СГС“ СО ИЗМЕНИТЕ НА ПЛАНОТ ДАРЕ ЏАМБАЗОпштина Центар го донесе третиот ревидиран план откако на сила е мораториумот за градба, со кој на оваа зграда се задржува постојната висина од два ката. - Градоначалникот Саша Богдановиќ. (Фото: СДК.МК)

    Зградата на фирмата за обезбедување „СГС“ која се наоѓа спроти зградата на поранешно „Кјуби“, нема да добие висина од 8 ката, како што било вцртано со Деталниот урбанистички план „Даре Џамбаз“. Општина Центар го донесе третиот ревидиран план откако на сила е мораториумот за градба, со кој на оваа зграда се задржува постојната висина од два ката.

    „Со измените зградата која сега е во сопственикот на фирмата за обезбедување ‘СГС’ требало да добие висина од 8 ката. Таа катност ја избришавме и останува постојната состојба. Измени се направени и во делот на паркот зад училиштето Димитар Миладинов, во кој според претходниот план требаше да има катна гаража. Го спасивме паркот, а катната гаража ја вцртавме на друга локација, долж Јужен булевар и ќе биде на приземје плус два ката“, објаснуваат од Општина Центар.

    Според постојниот план на Јужен булевар останува маркичката за зграда која ќе ја гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, но има измени во однос на решението за паркирање.

    „За овој објект не беа планирани паркинг места во парцелата, туку надвор. Со измените, инвеститорот мора да го реши паркирањето во рамките на маркичката за градење. Зградата ќе биде на 6 ката плус поткровје“, велат од Центар.

    Од Општина велат дека во крајна фаза на ревидирање се уште неколку планови кои ќе бидат ставени на дневен ред на наредните седници на Советот на Општина Центар.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира