ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА ПОД КАЛЕ СТАРА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА ПОД КАЛЕ СТАРА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИОбјект се уриваше и пред петнаесетина години, кога беше делумно срушен. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар денес почна да го урива објектот под тврдината Кале, во близина на спортската сала, кој стои како дивоградба повеќе од 20 години. Објектот е од втора категорија, Б4 – деловен простор, изграден од армирано бетонска конструкција и блок тули. Истиот објект се уриваше и пред петнаесетина години, кога беше делумно срушен.

    „Инвеститорот на објектот не постапил по претходното издаденото решение за самостојно отстранување на објектот и Општината пристапи кон присилно отстранување“, велат од Општина Центар.

    Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ апелираат до инвеститорите да постапуваат по издадените решенија од Секторот за инспекциски работи на општината за отстранување на градбите, затоа што во спротивно, присилно ќе бидат извршени, а трошокот ќе падне на товар на инвеститорите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира