ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ УРИВА ДЕЛ ОД ХОТЕЛОТ НА ЕКСФУНКЦИОНЕРОТ СТАНИНОВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ОСМИОТ КАТ И ТЕРАСАТА СЕ ДИВОГРАДБИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ УРИВА ДЕЛ ОД ХОТЕЛОТ НА ЕКСФУНКЦИОНЕРОТ СТАНИНОВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ОСМИОТ КАТ И ТЕРАСАТА СЕ ДИВОГРАДБИНа инвеститорот му бил даден рок од три дена да ги отстрани дивограбите, но тоа не е сторено, па затоа сега ќе урива Општината.(Фото: К. Попов)

    Општина Центар ќе урива дел од хотелот „Елса“, сопственост на адвокатот и поранешен државен функционер Сашко Станинов, на улицата Луј Пастер во центарот на Скопје. Во решението издадено од градежниот испектор на Општината се вели дека осмиот кат на хотелот и терасата се дивоградби, изградени без дозвола за градба. На инвеститорот му бил даден рок од три дена да ги отстрани дивограбите, но тоа не е сторено, па затоа сега ќе урива Општината.

    „На дел од објектот хотел ‘Елса‘ ќе се врши отстранување, бидејќи констатирани се неправилности и донесени се решенија за отстранување и заклучок за извршување од надлежни градежни инспектори. За предметната локација спроведена е целосно процедурата, односно склучен е договор со правен субјект кој врши отстранување на дивоградби за потребите на Општина Центар и истиот ќе биде спроведен во нареден период“, велат од Општина Центар.

    Ќе се урива осмиот кат изграден од челична конструкција и делумно застаклен и конструкцијата за тераса направена од метал и поставена на јавна површина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира