ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕМА ДА ДАДЕ ПАРИ ЗА ЦРКВА ВО БЕРЛИН, СОВЕТНИЦИТЕ ГЛАСАА ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕМА ДА ДАДЕ ПАРИ ЗА ЦРКВА ВО БЕРЛИН, СОВЕТНИЦИТЕ ГЛАСАА ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТГрадоначалникот Герасимовски рече дека мора секое барање кое ќе стигне во Општината да го стави на гласање пред Советот, па затоа го доставил овој предлог кој и тој не го поддржува. (Фото: СДК.МК)

    Скопската Општина Центар нема да даде донација за изградба на црква во Берлин. На денешната седница на Советот на Општина Центар ниту еден советник не гласаше за предлогот доставен како точка на дневен ред. Десет советници гласаа против, а останатите не гласаа. Донација беше побарана од Македонската православна епархија во Европа – Берлин, македонска црковна општина „Св. Климент Охридски“.

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски рече дека мора секое барање кое ќе стигне во Општината да го стави на гласање пред Советот, па затоа го доставил овој предлог кој и тој не го поддржува.

    СДСМ има најмногу советници,9, во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има 8 и по три независната листа на граѓани „Шанса за Центар“ и Левица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира