ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗАСАДИ 15 ЈАВОРИ НА МЕСТОТО НА ИСЕЧЕНИТЕ ДРВЈА НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗАСАДИ 15 ЈАВОРИ НА МЕСТОТО НА ИСЕЧЕНИТЕ ДРВЈА НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВДрвјата се од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар на местото на исечените дрвја на улицата Орце Николов засади 15 јавори. Од Општината соопштија дека дрвјата се од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри.

    „Новите дрвја во годините што следат повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата Орце Николов. Покрај јаворите, во долниот дел ќе се засадат и ниски грмушкасти садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата, ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот“, велат од Општина Центар.

    Општина Центар на почетокот на јуни во рамките на градежните работи за реконструкција на улицата, исече дел од дрвјата со објаснување дека се стари и болни, а жителите се жалеле дека при секое поголемо невреме имало опасност од нивно паѓање и нанесување штета.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира