ОСУМ ДЕНА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО ШТО НАПАДНА УЧЕНИК И НАСТАВНИЧКА ВО БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕ

    ОСУМ ДЕНА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО ШТО НАПАДНА УЧЕНИК И НАСТАВНИЧКА ВО БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕТаткото е осомничен за кривично дело насилство, а Обвинителстото против него и мајката поведе постапка. (Фото: СДК.МК)

    Домашен притвор во траење од осум дена му е изречен на таткото на ученик кој во Основното училиште „Даме Груев“ во Битола пред два дена нападна друг ученик и наставничка за време на настава, соопшти Основното јавно обвинителство Битола. Таткото е осомничен за кривично дело насилство, а против него и мајката е поведена постапка.

    „Двајцата сопружници на 15 мај влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат“, соопшти Обвинителството.

    Според полицискиот билтен, Р. М. (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р. Л. и Н. Л., родители на негов соученик. Истиот ден, М. Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р. Л. и Н. Л..
    Од училиштето не сакаа да го коментираат настанот зашто се работи за малолетни деца.

    Пред еден месец, во битолската полиција 28-годишната Х. Т., професорка од Средното медицинско училиште, пријавила дека во школото била нападната од нејзината кошека Ј. Н.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира