ОТКОРНАТИ ПОКРИВИ И ДРВЈА НИЗ СКОПЈЕ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР, ЕКИПИ НА ОПШТИНИТЕ И ГРАД СКОПЈЕ СЕ НА ТЕРЕН

    ОТКОРНАТИ ПОКРИВИ И ДРВЈА НИЗ СКОПЈЕ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР, ЕКИПИ НА ОПШТИНИТЕ И ГРАД СКОПЈЕ СЕ НА ТЕРЕНБулеварот Партизански одреди во Карпош 4 е блокиран од покриви кои се откорнати од околните згради.(Фото: Фејсбук)

    Од силниот ветер кој вечерва го зафати Скопје откорнати се покриви на згради на повеќе локации низ градот. Исто така паднати се и дрвја на повеќе локации.

    Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ги расчистуваат паднатите дрвја. (Фото: Град Скопје)

    Булеварот Партизански одреди во Карпош 4 е блокиран од покриви кои се откорнати од околните згради.

    Градоначалниците на Град Скопје и Општина Карпош Петре Шилегов и Стефан Богоев на своите фејсбук профили напишаа дека екипи се веќе на терен и работат на расчистување на  штетите и справување со невремето.

    „Секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти“, напиша градоначалникот Шилегов на својот фејсбук профил.

    Според најавите од Хидрометеоролошкиот завод ветерот ќе достигне брзина од 70 километри на час.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира