ПАЈАКОТ УТРОВО ГИ СОБИРАШЕ КОЛИТЕ ПАРКИРАНИ ПОД КАМЕНИ МОСТ

    ПАЈАКОТ УТРОВО ГИ СОБИРАШЕ КОЛИТЕ ПАРКИРАНИ ПОД КАМЕНИ МОСТОд Град Скопје најавуваат дека во овој дел ќе се постават столбчиња за да не можат возила да влегуваат и да се паркираат под Камениот мост и на кејот.(Фото: СДК.МК)

    Пајак возила на ЈП „Градски паркинг“ утрово ги креваа колите паркирани под Камениот мост во центарот на Скопје.

    Секој ден, пешачката патека на кејот на реката Вардар од Македонскиот народен театар па до Камениот мост е узурпиранa од паркирани возила. Ваката слика е секојдневие во овој дел од градот, а досега неколку паркирани коли завршија и во Вардар.

    Возилата слободно влегуваат на кејот преку улицата покрај театарот и Музејот на ВМРО која води кон подземните гаражи. Но наместо да плаќаат за паркирање, граѓаните си паркираат слободно на кејот и под Камени мост.

    Од Град Скопје најавуваат дека во овој дел ќе се постават столбчиња за да не можат возила да влегуваат и да се паркираат под Камениот мост и на кејот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира