И ПРОСТОРОТ ПОД КАМЕНИ МОСТ СТАНА ПАРКИНГ

    И ПРОСТОРОТ ПОД КАМЕНИ МОСТ СТАНА ПАРКИНГПаркирани коли секој ден стојат под мостот и никој не ги казнува.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Паркинг простор во строгиот центар на Скопје стана и делот под Камениот мост. Паркирани коли секој ден стојат под мостот и никој не ги казнува. Возила се наредени не само под мостот туку долж пешачката патека на кејот на реката Вардар сѐ до зградата на Македонскиот народен театар.

    Ваката слика е секојдневие во овој дел од градот, а досега неколку паркирани коли завршија и во реката Вардар, меѓу кои и на актерката Весна Петрушевска.

    Град Скопје лани неколку пати имаше акција со пајак службата за подигнување на паркирани коли под мостот Гоце Делчев, но и понатаму коли слободно си стојат долж кејот.

    Од Град Скопје велат дека ќе постават столпчиња за да се спречи влез на возила на кејот и под Камениот мост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира