ПАК ИМА ПОЖАР НА СТАРИОТ ПОЛИГОН ПОД СКОПСКО КАЛЕ

    ПАК ИМА ПОЖАР НА СТАРИОТ ПОЛИГОН ПОД СКОПСКО КАЛЕВо пожарот кој избувна минатиот викенд се запалија 5 коли.(Фото: СДК.МК)

    Пак избувна пожар кај стариот полигон под скопско Кале. Гори ѓубре и трева, а во близина на пожарот има паркирано неколку автомобили, кои засега не се зафатени со огнот.

    Ова е втор пат за четири дена да избие пожар на полигонот на кој порано се полагаше испити. Просторот сега е запуштен, затрупан со ѓубре, но паркирањето е бесплатно, па затоа постојано се паркираат коли особено за викендите и другите слободни денови.

    Во пожарот кој избувна минатиот викенд се запалија 5 коли.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира