ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОЕВТИНИ, ОДЛУЧИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА И ПОКРАЈ БАРАЊЕТО НА СНАБДУВАЧИТЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ

    ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОЕВТИНИ, ОДЛУЧИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА И ПОКРАЈ БАРАЊЕТО НА СНАБДУВАЧИТЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕНајголемата компанија која снабдува 56.000 потрпошувачи БЕГ ќе има намалување на цената за 4,35 проценти.(Фото: СДК.МК)

    Парното греење во Скопје нема да поскапи како што бараа трите компании кои ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија, туку ќе поевтини. Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ја одреди новата цена за парно греење откако минатата недела компаниите доставија нивни предлози за поскапување.

    БЕГ, најголемата компанија која снабдува 56.000 потрошувачи, ќе има намалување на цената за 4,35 проценти. ЕСМ Енергетика која снабдуваа 3.800 потрошувачи цената за топлинска енергија треба да ја намали за 0,57 проценти, а Скопје Север со 501 потрошувач за 1,25 проценти.

    „Имаме историски најниска цена за испорачана енергија. Стан од 55 до 60 квадрати, за цела година или една грејна сезона ќе плаќа 19.900 денари.  Со тоа испраќаме порака до граѓаните кои не се приклучени да се приклучат на системот оти тоа е најевтин начин за загревање на домовите“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

    Околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните  системи за греење на  трите компании  кои се во градот Скопје, што за една година претставува раст од скоро 2 илјади нови потрошувачи.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира