ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД ВЕЛЕС ЗА КОЧАНИ ИЗЛЕТАЛ ОД ШИНИТЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД ВЕЛЕС ЗА КОЧАНИ ИЗЛЕТАЛ ОД ШИНИТЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИНесреќата се случила вчера околу 17.20 чaсот на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле. (Фото: СДК.МК)

    Патничкиот воз од Велес за Кочани вчера попладне излетал од шините. Несреќата се случила околу 17.20 чaсот на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле. Неофицијалните информации се дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени.

    Од Македонски железници АД Транспорт потврдуваат дека воз излетал од шините и се работи на санирање на шетата.

    „Излетан е патнички вагон, на релацијата кон Кочани. Конкретни информации немаме, бидејќи се врши увид од страна на ЈП Македонски железници – Инфраструктура. Се работи на санирање на вонредниот настан“, изјавија кусо Македонски железници АД Транспорт.

    Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира