ПЕКАРНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ГИ УСОГЛАСИЈА ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ ОД 30 ДО 32 ДЕНАРИ, ВО МАРКЕТИТЕ ГО НЕМА САМО ЛЕБОТ ОД СКОПЈЕ

    ПЕКАРНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ГИ УСОГЛАСИЈА ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ ОД 30 ДО 32 ДЕНАРИ, ВО МАРКЕТИТЕ ГО НЕМА САМО ЛЕБОТ ОД СКОПЈЕСамо еден производител на леб се одлучи за цена од 33 денари, а еден ја намали цената на 29 денари. (Фото: СДК.МК)

    Во штипските маркети празни се само рафтовите за лебот од Скопје, додека редовно го добиваат лебот од останатите пекарници во градот и од соседните производители од Виница и Пробиштип. Сите ги намалија цените на белиот и полубел леб и под замрзнатата цена од 33 денари, па цените главно се движат од 30, 31 и 32 денари. Само еден производител на леб се одлучи за цена од 33 денари, а еден ја намали цената на 29 денари.

    Истата цена на лебот ја задржа само најголемиот штипски производител, пекарницата на трговското претпријатие „ Макпромет“ . Овој прозводител уште по нова година ја намали цената на лебот на 31 денар и по таа цена се продава и деновиве по замрзнувањето, а како што се најавува, иако има можност за цена од 33 денари, сепак нема да ја менува веќе утврдената цена од 31 денар, додека сечканиот е 32 денари.

    „Веќе втор ден не добиваме леб од производотелите од Скопје кои досега редовно дистрибуираа леб, па така вчера и денеска рафтовите за леб од ‘Жито лукс’ останаа празни. За останатите лебови од регионот немаме никаков застој и пекарниците се придржуваат на донесената замрзната цена, па дури и повеќе од тоа, ги намалија цените од 29 до 32 денари. Оваа недела се зголеми потрошувачката на брашно. Граѓаните кажуваат дека почнале да си месат и сами да печат леб “, велат вработени во маркетите во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира